АЛАРМ ВО АВСТРИЈА, ПОВЕЌЕ ОД ДВЕ ТРЕТИНИ ОД ПОВРАТНИЦИТЕ ОД ОДМОРОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН СЕ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНА: НАЈГОЛЕМ БРОЈ УВЕЗЕНИ НОВИ СЛУЧАИ СЕ ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
291

“Повеќе од две третини од повратниците од одмор од Западен Балкан се позитивни на коронавирус” – соопшти австриската Агенцијата за здравство и безбедност на храна (АГЕС).

Најголем број случаи се од Северна Македонија – 866, а во споредба со ситуацијата од пред две недели тоа е зголемување за 477. Од Косово има исто така зголемен број увезени случаи, од 253 на 799. Следи Турција со 662 случаи увезени во Австрија. На врвот на листата на земји на потекло е и Хрватска со 683 случаи.

Во 31-та календарска недела беа регистрирани 5888 инфекции со коронавирус, а во 32-ра недела веќе имаше 8113 од нив, од кои околу 40% се однесуваат на повратници од одмор.

Федералната служба за борба против тероризмот и заштита на Уставот (БВТ) на Австрија предупреди на опасноста од нови дејствија на групи кои го негираат постоењето на коронавирусот, пред се’ против медиумите.