КАЕВСКИ : СИЛЈАНОВСКА Е ПРОДОЛЖЕНА РАКА НА МИЦКОСКИ , НЕ НИ Е ПОТРЕБНА РЕПРИЗА НА ИВАНОВ

0
154

Пресконференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Изборот пред граѓаните на претстојните претседателски избори е европска иднина со СДСМ и Пендаровски или враќање назад во изолација со Силјановска и ДПМНЕ.

Кандидатката на опозицијата, Гордана Силјановска Давкова е само уште едно лице на ДПМНЕ, продолжена рака на Христијан Мицкоски.

Во изминатите четири години Силјановска делуваше како пратеник на ДПМНЕ и ги поддржуваше блокадите на македонското Собрание и европскиот пат на земјата.

Наративот на Силјановска во Собранието во изминатите години е доказ дека Силјановска е ДПМНЕ, партија која ги негува единствено вредностите на изолација, затвореност и безнадежност.

Нема членство во ЕУ со Мицкоски и Силјановска ниту за 100 години!

Јасна е нивната намера да стават рампа на патот на Македонија кон Европската Унија.

На Македонија не ѝ е потребен претседател кој ќе ги врати духовите од времето на владеењето на ДПМНЕ и на Ѓорге Иванов.

Времето кога претседателот беше слеп послушник на партијата и кога не можеше да донесе ниту една одлука без да го крене телефонот за да се јави во Белата палата.

Не смееме да дозволиме деструктивните политики на Белата палата да се преселат во претседателскиот кабинет!

Не смееме да дозволиме ВМРО-МВРО повторно да ја крои нашата судбина и да си поигрува со иднината на нашите деца.

Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.

Граѓаните ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа.