КОВАЧЕВСКИ ЗА ФОКУС : ЌЕ СЕ КАНДИДИРАМ ЗА ЛИДЕР НА СДСМ, КОГО И ДА ИЗБЕРЕМЕ, ВАЖНО Е ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ ОКОЛУ НЕГО

0
1011

Откако СДСМ вчера ја утврди оставката на лидерот Зоран Заев и распиша внатрепартиски избори по пат на непосредно гласање, прв кој најавува кандидатура за партиски лидер е Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на социјалдемократите.

-Во рокот од 7 дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истактани членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира. Она што е најважно, сите треба да се обединиме околу избраниот претседател – вели Ковачевски во изјава за Фокус.

Уште пред две недели, објавивме дека фаворит и за лидерската позиција во СДСМ и воедно за премиерската функција е токму Ковачевски, доктор на економски науки и вонреден професор на Американ Колеџ, кој во својата кариера бил на директорски позиции во Телеком и Оне Вип Македонија.