КОВАЧЕВСКИ : ЗА ТУПАНЧЕВСКИ ИМАМ НАЈДОБРО МИСЛЕЊЕ, ГО ЗНАМ 30 ГОДИНИ, ВЕТИНГОТ НА СУДИИ Е ПОТРЕБЕН, ЗА НЕГОВО СПРОВЕДУВАЊЕ РАЗГОВАРАМЕ И СО ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

0
451

Ветингот не може да се однесува само на судиите и обвинителите, тој се однесува на сите избрани и именувани функционери, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва во реплика на собраниската седница.„Потребен ни е ветинг затоа што ние како држава 31 година го немаме направено, затоа што немало полиитчка волја. Вие од ВМРО-ДПМНЕ сте биле на власт 11 години па не сте го направиле тоа“ порача Ковачевски.

Претседателот Ковачевски најави дека за ветингот се разговара и се разгледуваат опции ветингот да се спроведе со поддршка на Европската унија.„Веќе разговарав со претседателката на Европската комисија дека сакаме на експертско ниво да разговараме и спроведеме ветинг на сите избрани и именувани функционери, како и за сите кои ќе бидат избрани или именувани на функција“ посочи претседателот Ковачевски.