ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА УПРОПАСТАТ ЕДЕН ГОЛЕМ НАСТАН – Нападнат министерот Тевдовски и неговото семејство на скопскиот плоштад од навивачи на Вардар, иако тој беше долги години фудбалер во Вардар

0
4196

Нападнат министерот Тевдовски на скопскиот плоштад

Министерот за финансии Драган Тевдовски заедно со керќичката денес на прославата по победата на Вардар на скопскиот плоштад бил вербално нападнат пред ресторанот Пелистер дознава 24инфо од очевидци на настанот.

Она што овие млади навивачи опиени од омраза и политика не знаат е дека Драган Тевдовски беше дел од младинската екипа на Вардар во 90-тите со која Вардар тогаш царуваше во македонското младинско првенство.

Од таа генерација потоа излезе одлична генерација фудбалери но Тевдовски реши да се бави со наука и со политика и прекина да гради понатамошна кариера иако беше одличен преден везни дриблер, многу тежок за чување.

Голема еуфоричност владееше на плоштадот ,,Македонија” каде што се прославува големата победа на ракометарниот клуб Вардар. Центарот на градот е преполн со навивачи на Вардар во група луѓе, а низ улиците кружат возила. На денешниот натпревар Вардар го порази Веспрем со 27:24.