ОПШТИНА БИТОЛА : РЕШЕН ДЕЦЕНИСКИОТ ПРОБЛЕМ СО ЗАТОПЛУВАЊЕТО НА СПОРТСКАТА САЛА “БОРО ЧУРЛЕВСКИ”

0
306

Фото Слободен печат, Васка М. Младеновска

Со години најавуваното решавање на проблемот со системот за греење во спортската сала „Боро Чурлевски”, конечно се реализира. Вечерашниот натпревар помеѓу РК Еурофарм Пелистер и Пик Сегед, ќе се одигра во затоплена сала, како резултат на инвестициските активности кои ги реализира општина Битола, во овој спортски објект.
Според информацијаа од Општината Битола активностите започнаа пред неколку месеци со интервенции на инсталацијата за греење во котларата и во самата спортска сала така што ставена е во функција котларата со котел на пелети заедно со соодветен филтер за димните гасови.

Исто така, ставени се во функција делови од радијаторско и калориферско греење во спортската сала но најважно е тоа што за прв пат после повеќе од дваесет години започнува да се решава проблемот со загревање на главната сала во рамките на објектот.Деновиве се прават тестирања на инсталацијата за воздушно загревање на главната сала, а склучен е договор и за санација на систем за греење во главната сала и вградување на рекуператорска секција за подобрување на енергетската ефикасност во дел од ситемот за греење на главната сала.

Работните активности со системот за греење на салата се очекува да бидат завршени во месец декември.На овој начин се поставува функционален систем, кој ќе овозможи загревање на салата за големи натпревари, зависно од потребите и согласно склучените договори со спортските клубови.Иако пред две години, Агенцијата за млади и спорт, најави решавање на затоплувањето во спортската сала со средства од државниот буџет, тоа не се случи, велат од општиана Битола.