МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА НОВ ЛИДЕР НА СДСМ: ЦЕЛТА НИ Е ДА СЕ ОКРУПНИ ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО СО АЛТЕРНАТИВА

0
278

Министерот за здравство, Венко Филипче нема да се кандидира за претседател на СДСМ. Тој денеска рече дека не е заинтересиран за таа позиција. За тоа дали Алтернатива го барала ресорот здравство, рече дека сега сѐ е во сферата на шпекулациите и во моментот фокусот е само на окрупнување на парламентарното мнозинство.

“Во однос на преговорите, сега се е во сферата на шпекулациите. Тие се уште траат во делот на усогласувањето на политичките ставови. И денеска премиерот има состанок со лидерот на Алтернатива после што ќе се соопштат ставовите. Сега фокусот е на окрупнување на парламентарното мнозинство” – изјави министерот Филипче.