ГУВЕРНЕРКАТА НА НБРМ АНГЕЛОВСКА БЕЖОВСКА : ДЕНАРОТ Е СТАБИЛЕН И ЌЕ ОСТАНЕ СТАБИЛЕН, ИМАМЕ 3,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ НА РАСПОЛАГАЊЕ ЗА ДА ГО БРАНИМЕ, МЕНУВАЊЕТО ДЕНАРИ ВО ДЕВИЗИ Е НЕПОРЕБЕН ТРОШОК ЗА ГРАЃАНИТЕ

0
745

Со целата одговорност, Народната банка стои зад тоа дека денарот е стабилен и ќе остане и понатаму стабилен. Нема причина за промена на курсот, тоа никому нема да му користи, вели во интервју за МИА гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Таа посочува дека Народната банка има капацитет и инструментариум да го одбрани курсот на денарот, доколку се јави потреба за тоа. Девизните резерви се високи и изнесуваат 3,4 милијарди евра или се на двојно повисоко ниво во однос на 2008 година, која беше година на глобална финансиска криза, а стабилноста на денарот беше успешно задржана.

Во однос на информациите дека на пазарот нема девизи, гувернерката вели дека тоа не е точно и апелира до граѓаните да не подлегнуваат на ваквите шпекулации.

– Сведоци сме дека, во време кога се зборува за криза, сè уште дел граѓани прибегнуваат кон претворање на заштедите во девизни или да купуваат девизна готовина. Покрај тоа, се јавуваат и шпекулации дека на пазарот нема девизи, што апсолутно не е точно. На овој начин се прави неосновна паника и граѓаните, врз основа на шпекулации, плаќаат и повисока цена за промена на валутите и губат средства, нагласува гувернерката.

Ангеловска Бежовска вели дека редовно се следи ситуацијата и НБ ќе ги искористи сите инструменти кои ги има на располагање доколку има потреба за такво нешто.