МНОГУ ВИСОК РИЗИК ОД ВАРИЈАНТАТА ОМИКРОН И ЗА ПРЕЛЕЖАНИТЕ ПАЦИЕНТИ, СЗО: ЗАГРИЖЕНИ СМЕ ЗА ПОТЕНЦИЈАЛНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ОМИКРОН ВРЗ ПАНДЕМИЈАТА

0
1296

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира новиот сој на коронавирусот Омикрон како многу висок глобален ризик.

Сѐ уште многу малку се знае како сојот Омикрон ќе влијае на текот на пандемијата.
“Омикрон има мутации чиј број е без преседан, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз развојот на пандемијата. Вкупниот глобален ризик поврзан со Омикрон е исклучително висок” – се вели во извештајот на СЗО.

Проценката на СЗО се заснова на фактот дека варијантата Омикрон, која беше откриен во Јужна Африка, има голем број мутации кои би довеле до поголем ризик од повторени инфекции кај веќе прележаните лица.