Темелковски : Увид во градежните работи за изградба на нова модерна детска градинка во населбата Драчево

0
973

Денеска со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ направивме увид во градежните работи за изградба на нова модерна детска градинка во населбата Драчево.

📍Новата градинка ќе се простира на површина од 6️⃣0️⃣0️⃣ квадратни метри, со поделена катност од подрум, приземје и еден кат. Во подрумот е предвидена просторија за горилник и остава за огревен материјал. На приземјето ќе има 4️⃣ занимални за деца, а на првиот кат ќе бидат сместени јаслите. Градинката ќе биде енергетски ефикасна и ќе има капацитет да прими вкупно 1️⃣2️⃣5️⃣ деца. Истата, предвидено е да има и паркинг простор, додека на површина од 1️⃣3️⃣2️⃣0️⃣ м2 во план ни е извршиме партерно и хортикултурно уредување.

📍Со изградбата на градинката после долги години конечно ќе ги намалиме листите за упис на деца во објектите на ЈДГ „8 Март“, „Пеперутка 1 и 2“, лоцирани во Драчево. Имено, за успешната реализација на проектот, ние како Општина, најпрво го изработивме основниот проект за изградба на градинката, по што аплициравме и добивме грант од Министерството за труд и социјална политика за зголемување на капацитетите на јавните детски градинки на нашата територија.

➡️Целокупниот проект е финансиран преку кредит од Светската Банка, за спроведување на Проектот за подобрување на социјалните услуги.
🔴Изминатиов период благодарение на одличната соработка со централната власт, успеавме да реализираме многу големи проекти преку кои видно ги подобривме условите за нашите жители.