Апелацискиот суд – Скопје ја потврди првостепената пресуда на Кривичен суд Скопје за случајот “Насилство во Општина Центар”, во кој првообвинетиот Никола Груевски беше осуден на 1 година и 6 месеци затвор, а останатите беа осудени на условни казни. А за предметот, истиот суд го врати предметот “Тарифа” на повторно судење.
Според првостепената пресуда во процесот “Тарифа”, на 3 годишни затворски казни беа осудени поранешниот генерален директор на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски и вработените Методиј Стојменовски и Ненад Ѓорговски. Нив судот ги прогласи за виновни за злоупотреба на службената положба и овластувањето при набавка на софтверски систем за компанијата. Бошковски беше осуден како директор на АД ЕЛЕМ, додека Стојменовски и Ѓорговски за злоупотреба на службена положба и овластувања со потпишување и издавање сертификати, бидејќи наводно ѝ нанеле штета на компанијата од 9 милиони денари.