РАЗОРНА ТЕРМО НУКЛЕАРНА БОМБА ОДЕКНА ВО ЗЕМЈАВА, КОНЕЧНО ГО ИМАМЕ НАРАЧАТЕЛОТ: ОЈО има доказ дека шефот на обезбедувањето на Груевски од Виена го нарачал упадот во Собрание преку службен телефон на Владата

0
3585

Александар Василевски Нинџа по налог на лице од обезбедувањето на Груевски кое било со него, примило повик во 14ч30м за да мобилизира 68 насилници, кои се собрале подоцна во ресторан на кејот, каде им биле поделени фантомки, стои во обвинението до кое дојде „Судство.мк“.

Според обвинението, зад телефонскиот повик стои лице од обезбедувањето на Груевски. Телефонот, пак, од кој бил нарачан упадот е во сопственост на Владата.

„Откако од телефон, сопственост на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Р.М. НН лице од обезбедувањето на Никола Груевски, тогаш претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а кои се наоѓале во Виена, Австрија, во 14.30 часот контактирал со обвинетиот Александар Василевски Нинџа, сега недостапен на органите на прогонот, кој потоа заедно со обвинетиот Никола Митревски Кољо, телефонски ги контактирале обвинетите Јане ЧентоИгор ЈугМладен ДодевскиЗахарие Симовски, Михаил Младеновски и Дејан Давидовски Дешо, сега недостапен на органите на прогон, го мобилизирале членството од Скопје и други градови, за насилен упад во Собранието, однапред знаејќи дека објектот на Собранието не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили“, пишува во обвинението.