Германија на федерално ниво и сите 16 германски покраини одлучија од денес никој да не може да оди во кафич, ресторан, кафана, кино ако нема доказ за вакцинација, негативен тест или прележан ковид. Овие правила се однесуваат и на клиниките, домовите за стари лица, спортските сали, базени, фризери, хотели и разни настани.
Во саботата, инциденцата за последните седум дена или бројот на новозаболени случаи на 100 000 жители за првпат од мај надмина 50. Најголем скок во бројот на новозаразени е регистриран во Северна Рајна – Вестфалија, 99,2 нови случаи на Ковид-19 на 100 000 жители а во главниот град Берлин оваа бројка е 67,3.
Од утринава просекот за цела Германија скокна на 56,4. Во овој нов бран особено се погодени лицата на возраст меѓу 35 и 59 години а речиси сите нови инфекции се предизвикани од делта сојот.