(ВИДЕО) ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП – Јовески : Mиле Талески се фали со проекти на ВМРО-ДПМНЕ

0
1093

Миле Талески, човекот кој доби шут карта од граѓаните на Прилеп на претседателските избори, вчера се фалеше со проекти кои се дело на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е истиот тој човек кој во минатото држеше празни прес конференции пред индустриската зона кај Алинци и велеше дека тоа е празна нива без ниту една инвестиција.

Типично за него и за СДСМ, едно лице имаат кога се во опозиција, а сосема друго кога се на власт. Тоа е таа дволичност која во услови на безидејност и неработење оди до таму што туѓи проекти се претставуваат како свои.

Колку истиот тој Талески лажеше во минатото зборуваат трите фабрики кои во индустриската зона кај Алинци вработуваат неколку илјади граѓани од Прилеп и прилепско.

Тоа се инвестиции кои се плод на долго преговарање и работа, нешто што е мисловна именка за Талески, Заев, Јованоски ….

Под нивно водство во Прилеп нема ниту една нова инвестиција, нема нови фабрики, младите масовно се иселуваат, а капиталните инвестиции се сведени на мизерни десетина проценти.

Нема нови фабрики ниту во индустриските зони Прилеп 1 и Прилеп 2, што значи дека покрај странски капитал изостануваат дури и инвестициите на домашните компании.

Со ова трио на власт веќе не се гради ниту експресниот пат Прилеп-Градско, кој можеби ќе ја чини државата милиони за пенали поради раскинатиот договор со фирмата изведувач.

Бројката на невработени во изминатите две години стагнира на армија од 11.000, што е уште еден доказ дека Прилеп не оди напред, туку се враќа 15-20 години наназад.

И клучката кај Алинци и ИКТ центарот кај касарната се проекти од времето на ВМРО-ДПМНЕ кои одлично ви се најдоа во вашата безидејност да направите нешто свое и да се оправдате колку толку за непотизмот, криминалот, корупцијата и скандалите кои ве тресат секој ден.

Toкму затоа на 12-ти април идната година ќе добиете и втора шут карта од граѓаните и ќе расчистиме со вашите мегаломански лаги и лажен живот!