ДРСКОСТ ОД НЕВИДЕНИ РАЗМЕРИ АЈ КРИВИ ПА И ЌЕ СЕ ЖАЛЕЛЕ ВО СТРАЗБУР ОВОЈ ПРИТИСОК ВРЗ АПЕЛАЦИЈА ПОКАЖУВА ПОД КАКОВ ТОВАР СУДЕЛ ПРВОСТЕПЕНИОТ СУД – ОДБРАНАТА НА МИЈАЛКОВ ЗА ХАЈКАТА ЌЕ ГО ИЗВЕСТИ СТРАЗБУРГ

0
797

„Со овие притисоци се нарушуваат правата на нашиот клиент за фер и правично судење кое во ваква атмосфера и хајка врз судиите е невозможно тоа да се добие“, реагира адвокатската канцеларија Петровски.

Одбраната се уште ја нема добиено пресудата на Апелациониот суд во Скопје и се уште не ги знае аргументите и насоките на второстепениот суд. Знае само дека се изразува „загриженост“ или „згрозување“ од највисоки државни функционери од извршната власт.

Тоа е директно мешање и вршење притисок врз судската власт, која мора да биде независна.Уште позагрижувачки е што таквиот притисок е јавен и покажува дека оправдан бил стравот за политичко мешање уште од самиот почеток на постапката и се влијаело да се донесе првостепена пресуда каква што беше донесена.

За ваквите притисоци и мешање во судската власт ќе го информираме и Судот за човекови права во Стразбур, бидејќи цениме дека со тоа се нарушуваат правата на нашиот клиент за фер и правично судење кое во ваква атмосфера и хајка врз судиите е невозможно тоа да се добие.

Ниту Претседателот на државата, ниту министрите во владата не се тие кои треба да носат судски одлуки. Тоа право им припаѓа исклучиво на оние кои дале заклетва дека ќе делат правда и биле избрани за тоа, а се останато е недозволено мешање кое го урива интегритетот на судството кој заради политичките влијанија е сериозно разнишан“, се вели во реакцијата.