ТРЕНЧЕВСКА : ЈА ЗГОЛЕМИВМЕ СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ ЗА 330%, ГИ ЗГОЛЕМИВМЕ ПЕНЗИИТЕ ЗА 53%

0
67

Коносителката на листата на пратеници на Изборна единица 4 на СДСМ, Јованка Тренчевска денеска пред струмичани на големиот Христијански празник Велигден зборуваше за посветеноста на СДСМ кон граѓаните и за програмата за наредниот мандат.

„Струмица драги мои струмичани, секогаш била Европски град, прогресивната сила, авангарда, била и ќе остане вистинска гордост на нашата држава. Затоа токму на овие избори кои се патоказ за потврдување на иднината и патот по кој ќе се движи државата, чест ми е што Ви се обраќам од тука, од мојата Струмица. Секој од вас што ме познава, ја познава мојата скромност,  чесност, искреност, ја познава и мојата фамилија на која сум исклучително горда. Ги знаете принципите низ кои се водам во животот, праведноста и еднаквоста во кои верувам, а ги научив токму тука – во Струмица“ рече Тренчевска.

„Таа во својот говор посочи дека струмичани може да ги претставува само човек од Струмица, а не како претставникот од политичките опоненти ДПМНЕ. И додека Николовски избега од својот Охрид, и се обраќа пред Вас речиси и да не Ве познава, како дрво без корен, ветува традиција, ветува историја, ветува гордост. Човек што нема храброст да се обрати пред своите – се обраќа пред вас. И токму  овде, од ова место беа искажани најголемите лаги и манипулации, за вредностите во кои верувам, за мојата чесност и посветеност, за семејните вредности, за децата. Овде од мојата Струмица на Николовски и на неговите мегафони им порачувам: семејството, децата и семејните вредности за мене се најсветите работи. Освен во вашите манипулативни умови, Родител 1 и Родител 2 не постојат никаде а најмалку во политиките на СДСМ“ рече Тренчевска.

Таа ги истакна и достигнувањата на СДСМ во изминатиот период.

Ја зголемивме социјалната помош за 330%, ги зголемивме пензиите за 53%. Се обврзуваме за зголемување на социјалната помош за 30% и 20 000 минимална пензија а 30000 просечна пензија во следниот мандат“ рече Тренчевска.

Во нејзиното излагање таа посочи дека покачувањето на пензиите од 5000 денари не е реално како издржаните политики кои до денес ги носеше СДСМ.

На крај таа ја побара поддршката од граѓаните на претстојните избори.

„Почитувани мои струмичани, Ви се обраќам како Ваша Струмичанка барајќи ја вашата поддршка со надеж, енергијата и желбата за напредок.  Погледнете ги патиштата кои водат до Струмица – најубавите патишта во државата. Погледнете ја детската градинка „Виножито“, најголемата и најубавата градинка во нашата држава, се е тоа инвестиција во периодот кога СДСМ ја предводи Владата. Сигурна сум дека од Струмица ќе започне победата. Од тука ќе покажеме дека продолжуваме по Европскиот пат, и дека нема да се откажеме од иднината!“ изјави Тренчевска.