„Сакам да ве известам дека веб страницата што ја отворив за пријавување на неправилности и нерегуларности, закани и притисоци, дава големи резултати.
Вработените во администрацијата не се плашат.
Масовно доставуваат конкретни документи со информации – кој, на каков начин се обидува да врши злоупотреби или да им прави притисоци.
Ова е еден од документите што ми е доставен.
Список во кој има околу 2 илјади граѓани, на кои раководители и шефови – кадри на ВМРО-ДПМНЕ, имале намера да им ѕвонат и да бараат од нив да излезат на протести и контра протести и на избори како нивни сигурни гласачи.
Тука има конкретни имиња, презимиња, адреси, избирачки места, телефонски броеви на луѓето. Но тука ги има и податоците на оние кои ги правеле овие списоци и се обидувале да влијаат.
Им порачувам на шефовите и раководителите кадри на ВМРО-ДПМНЕ, што Груевски и фамилијата ги користат за нивни лични цели:
Не дозволувајте да станете инструмент во рацете на криминалната власт!
Предупредувам, законот е јасен и казните за вакво дело, уцени и притисоци во предизборен период се до 5 години затвор.
Секој кој ќе се дрзне да го направи тоа, ќе одговара!
Во Македонија мора да има и ќе има само слободни, фер и регуларни избори“, изјави дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски.