СЕМЕЈНИ РОКАДИ: Страшо Милковски се повлече од директорското место на Гранит, го замени син му

0
2108

Нов директор на АД за градежнитво Гранит е Зоран Милковски, еден од најголемите поединечни акционери на фирмата. Зоран е син на Страшо Милковски, долгогодишен директор на Гранит кој сега ќе биде претседател на Управниот одбор во градежната компанија.

Инаку, Зоран Милковски и Ивана Милковска Симева(ќерка на Страшо) имаат по околу 8 проценти од сопственоста на Гранит и тие се меѓу најголемите подеинечни акционери.

Гранит е една од најголемите градежни фирми во земјава. Учествуваше на многу проекти надвор од Македонија, а во земјава беше еден од значајните градители на проектот Скопје 2014 заедно со Бетон.