ЦУК : СПАСЕНА ТУРИСТКА ОД АВСТРИЈА ПОВРЕДЕНА ПРИ СКИЈАЊЕ НА ПОПОВА ШАПКА

0
267

При комуникацијата на спасителите со повредената австијка, таа информирала дека претходно имала операција на рбетниот столб и на него имала вградена метална шипка со штрафови.

На местото на настанот има пристигнато ратрак и луѓе за поддршка, но состојбата на повредената и комуникацијата со нејзе, индицирала дека транспортот со ратрак заради проблемот со ’рбетот од минатото, како и сегашната дополнителна повреда, би довел до поголеми компликации.Заради специфичноста на итниот случај за повредената бил побаран транспорт со хеликоптер од местото на настанот до болница во Скопје.

Храбрите пилоти од Хеликоптерската единица на МВР одговориле веднаш на барањето на Ангелов за интервенција и во моментот на информирањето за настанот хеликоптерот веќе се враќа кон Скопје од Шар Планина, а присебните спасители, коишто се и пријавители на итниот случај укажаа, во директна комуникација со директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, дека на повредената од почетокот на спасителната акција и е пружена прва помош, адекватно била покриена со фолија за да и се зачува топлината и дека се наоѓала во добра општа здравствена состојба.