ЦРВЕНИТЕ ЃАВОЛИ КОНЕЧНО ЈА ДОБИЈАА КЛАСИЧНАТА 9-КА : ДАНЕЦОТ РАСМУС ХОЈЛУНД ДОАЃА НА ОЛД ТРАФОРД ВО МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ЗА 75 МИЛИОНИ ЕВРА

0
495

Манчестер Јунајтед ќе потпише договор со напаѓачот на Аталанта, Расмус Хојлунд. Трансферот сѐ уште не е официјално потврден од двата клуба, но водечките медиуми на Апенините објавија дека договорот е склучен и единствено останува да се оформи документација пред да биде објавен трансферот на Данецот како фудбалер на „црвените ѓаволи“.

Аталанта ќе добие 75 милиони евра, а на оваа сума може да се додадат уште 10 милиони во вид на бонуси поврзани со настапите на Хојлунд и резултатите на тимот. Данецот ги договори своите лични услови уште минатата недела. Тој ќе потпише договор со англискиот клуб на пет години. Лекарските прегледи ќе бидат извршени во следните 48 часа.

Хојлунд постигна девет гола и забележа четири асистенции за Аталанта на вкупно 32 одиграни натпревари во Серија А минатата сезона. Италијанскиот клуб го продаде со огромна добивка, откако пред една година за него на Штурм му платија 17,2 милиони евра. Австрискиот клуб го привлече за скромни 1,95 милиони евра во јануари 2022 година. Аталанта веќе најде замена за Хојлунд во Ел Билал Туре кој пристигна од Алмерија за 30 милиони евра.