ТОДОРОВСКА : ВО ИЗМИНАТИТЕ 4 ГОДИНИ ЛОКАЛНА ВЛАСТ ПРЕДВОДЕНА ОД ВЛАДАТА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА ВЛОЖЕНИ СЕ 90 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА И ЦЕЛОСНО ОПРЕМУВАЊЕ НА ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ ВО БИТОЛА, ОНАМУ КАДЕ НАЈМЛАДИТЕ ЗА ПРВ ПАТ ТРЕБА ДА ГО ЗАПОЧНАТ СВОЈОТ ВОСПИТНО-ОБРАЗОВЕН ПРОЦЕС

0
899

Прес конференција на Елизабета Тодоровска, кандидат за советник во Советот на Општина Битола.

Почитувани,

Кога пред 4 години граѓаните ни ја дадода довербата да ја водиме општината , затекнавме услови за најмладите под секое ниво. Протечени кровови, стара и неефикасна дограма, распаднати подови, тоалети за кои е жално да се зборува, стари и искршени шкафчиња. Со еден збор затекнавме руинирани градинки.

ДПМНЕ на чело со Талески и неговиот верен поддржувач во советот – Пеце Милевски оставија пустош во градинките, онаму каде што најмладите за прв пат треба да го започнат својот воспитно-образовен процес.

Во изминатите 4 години локалната власт предводена од СДСМ и коалицијата направија многу на тоа поле, за да ги подобрат условите за престој на најмладите. Се вложија над 90 милиони денари за реконструкција и целосно опремување на детските градинки во нашиот град.

Се направи комплетна реконструкција на сите 16 градинки, преку замена на кров, под, фасади, дограма, тоалети, шкафчиња и целосна опрема за воспитно-образовниот процес.

Во тек е изградба на 2 градинки, едната во комплекс АРМ со капацитет за 250 деца и другата кај училиштето Климент Охридски  со капацитет од 160 деца. Имаме изготвен проект со сите пропратни дозволи и за трета градинка со капацитет од 80 деца која ќе се направи во наредните 2 години.

За нас како актуелна и идна локална власт приоритет повторно ќе бидат младите. Тие се нашата иднина!

Почитувани сограѓани,

Мора да се направи јасна дистинкција помеѓу оние кои им го мислат најдоброто на најмладите и оние кои си го мислат најдоброто само за нив.

Одлуката не била никогаш полесна, да не дозволиме да се вратат оние кои ни го уништија нашиот град и кои никогаш не воделе грижа за најмладите.

Да продолжиме по патот на развојот, прогресот и напредокот!

Затоа ве повикувам сите заедно да се обединиме и на 31 октомври да го одбереме најдоброто за нашата Општина, да заокружиме  број 12, за Христо Кондовски!