ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА РИПНА НА 453 ЕВРА! Шупраиме сега вмровци? 453 евра е само 47 евра до 500, односно тоа е околу 10% помалку од 500 евра… А 4 години уште не поминале… Кој сега лажеше?

0
1340

Се зголемила просечната плата во Македонија, во однос на минатата година.

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, изнесува 108,4, што значи дека таа е повисока за 8,4 отсто. Oвој податок го објави денеска Државниот завод за статистика.

Бројките покажуваат дека просечната нето плата по вработен, во октомври 2020 година, изнесува 27.899 денари или 453 евра. Додека во периодот од јануари до крајот на октомври порастот на нето платата изнесува 8,2 отсто во споредба со истиот период од 2019 година.

Ваквото зголемување во октомври 2020 година, е резултат, пред сѐ, на растот на просечната нето-плата по вработен во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита за 12 отсто, потоа уметност, забава и рекреација за 11,6 отсто и преработувачка индустрија за 11 отсто.

Во однос на претходниот месец од годинава, зголемување на нето платите имало во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 4,4 отсто, трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 4,4 отсто и стручни, научни и технички дејности за 3,6 отсто.

Во октомври годинава во секторот информации и комуникации била исплатена највисока просечна плата од 50.418 денари.