АНАЛИЗА ЗА КОНЗУМИРАЊЕТО ЦИГАРИ НА МЕДИЦИНСКОТО СПИСАНИЕ ЛАНСЕТ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ВО ВРВОТ НА ЗЕМЈИ СО НАЈГОЛЕМА ПОТРОШУВАЧКА НА ЦИГАРИ

0
922

Македонија треба сериозно да преземе нова антипушачка агенда затоа што се наоѓа во врвот на земјите во Европа според бројот на пушачите. Реномираното медицинско списание Лансет неодамна објави големо истражување спроведено во светот кое покажува дека и покрај сите антиникотински мерки, глобално расте бројот на пушачите.

Според истражувањето, иако преваленцата на пушењето е значително намалена од 1990 година, растот на популацијата доведе до голем пораст на вкупниот број пушачи ширум светот.

Во 2019 година се потрошени 7,91 билиони цигари, а секој ден се пушеле по 20,3 милијарди цигари ширум светот. Кина сочинуваше повеќе од една третина од светската потрошувачка на тутун (2,72 билиони).

Надвор од Кина, повеќе земји од Европа се во врвот со најголема потрошувачка по лице во 2019 година  и меѓу нив е и Северна Македонија. Заедно со нас во оваа тутунска листа се Црна Гора, Бугарија, Словенија и Грција. Сите тие имаат потрошувачка од над 2350 цигари по лице. Земјите со најмала потрошувачка по лице се претежно во супсахарска Африка.