(ВИДЕО) Сугарески: СДСМ, НСДП, ЛДП и ПДП се против ново задолжување

0
1087

272Изјава за медиуми

Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на СДСМ

Скопје, 11.07.2016

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Пратеничката група  на СДСМ, НСДП, ЛДП И ПДТ  најжестоко се спротивставува на намерата на власта во заминување да ги задолжи граѓаните со издавање нова еврообврзница од 650 милиони евра.

Ова претставува финансиско злосторство врз граѓаните, македонската економија и идните генерации.

Кримналната власт во заминување, нема ниту легитимитет, ниту легалитет да носи вакви незаконски одлуки.

Во моментов постојат истраги за изборна измама, изборен фалсификат,  за што е осомничено злосторничкото здружување во врвот на ВМРО-ДМПНЕ.

Со Ребалансот на буџетот, разулавената власт треба да се откаже од сите непродуктивни трошоци  коишто ги прави цо изминативе години, за да има пари за нормално функционирење на државата.

Финансикото злосторство од 650 милиони евра, криминалната власт исклучиво го бара за корупција на гласачкото тело и полнење на приватните џепови на фамилијата.

Ќе направиме се што можеме ова  финансиско злосторство да го спречиме,  во интерес на граѓаните и иднината на Република Македонија.

Доколку не биде испочитувана законската процедура, како при издавањето на последнатаеврообврзница, тогаш по промената на власта ќе го оспориме ова задолжување како законски јавен долг а сите инволвирани во незаконското задолжување ќе понесат одговорност.