ДОКТОРОТ ПАНОВСКИ БАРА УКИНУВАЊЕ НА ВАКЦИНАЛНИТЕ СЕРТИФИКАТИ: НЕМА ПОТРЕБА НА ЛУЃЕТО ДА ИМ СЕ ОГРАНИЧУВА ДВИЖЕЊЕТО

0
971
“Да запре малтретирањето на луѓето со обврската да имаат сертификати за примени вакцини против корона вирусот без кои им се ограничува движењето на граѓаните” – рече познатиот микробилог и професор Никола Пановски во интервју на ТВ 21.

“Сертификатите никогаш не требаше да се донесат, не треба веќе да ги малтретираат луѓето и да им забрануваат движење. Сега е веќе крајно време да се стори тоа. Факт е дека и вакцинираните лица го шират вирусот. Во Австралија, во Сиднеј, каде има 87% вакцинирани со две дози, имаат екплозија на ширењето на вирусот и покрај сите преземени мерки. Каква врска имаат тогаш сертификатите?” – рече Пановски. 

Тој смета дека надлежните бараат поседување на сертификати само за да не се оптовари здравствениот систем и да не запре економијата.