Заев – Нуланд: Kонстатирана e можноста за одржување на предвремените парламентарни избори во ноември

0
936

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска, генералниот секретар Оливер Спасовски, потпретседателот Дамјан Манчевски, членката на И.О Рената Дескоска и советникот на претседателот за креирање политики и односи со јавност Роберт Поповски денеска се сретна со помошник државната секретарка на САД Викторија Нуланд, придружувана од амбасадорот на САД во Р.Македонија Џес Бејли, се вели во сооопштението испратено од СДСМ по средбата.

На состанокот се разговараше за политичката криза во Македонија и начините за нејзино решавање.

Истакнато е дека ова е клучен период за постигнување договор за неопходните услови за фер и регуларни избори.

Заеднички е констатирано дека мора да се обезбеди прочистен, доверлив Избирачки список и објективно известување на медиумите и дека со исполнување на овие услови, исто така заеднички е констатирана можноста за одржување на предвремените парламентарни избори во текот на месец ноември.

Исто така, потенцирана е неопходноста за формирање Влада што ќе организира и спроведе регуларни избори на коишто ќе одлучи слободната волја на граѓаните како и дека без разлика на промените што ги прави власта во Законот за внатрешни работи, Владата мора да биде формирана согласно сите аспекти на Договорот од Пржино.

Претседателот Заев порача дека брзи фер избори ќе ја спасат Македонија од економското и финансиско тонење на државата и недемократскиот начин на владеење што штети на евро-атлантските перспективи.

-Власта со намерата за ново големо задолжување преку еврообврзница, со законот за владино рекламирање, со законот за МВР, нанесува дополнителни огромни штети на интересите на граѓаните на Македонија, рече Заев.

На состанокот е нагласена потребата од целосна независност на СЈО, професионална соработка на судството и МВР со СЈО, како потребата од недвосмислена поддршка на работата на СЈО, од страна на сите политички субјекти.