Заев : Дуел со Мицкоски на ТВ Алфа не прифаќам, на други телевизии би прифатил

0
808

На новинарско прашање дали ќе ја прифати поканата за дуел на тв Алфа, лидерот на СДСМ ,Зоран Заев одговори дека нема да ја прифати додавајки дека телевизијата требе да види зошто не прифаќа дуел на тој медиум.

„Јас доколку има покани за дуел на другите медиуми со Мицкоски ќе прифатам, само на тв Алфа не“, рече Заев.

Овој одговор на Заев беше проследен со аплауз од присутните активисти на партијата кои беа присутни на прес конференцијата.

Од новинарите доби забелеша дека пресовите му се за новинарите а не за активистите, Заев одговори дека тоа е одлука на пи-ар службата на партијата, но се согласи дека ќе реагира кај нив, да бидат прес конференциите само за новинарите.