ГРУЕВСКИ ИМАЛ РЕШЕНИЕ ЗА МАГЛАТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ : КАРГО АЕРОДРОМОТ МЕЃУ СВЕТИ НИКОЛЕ И ШТИП ЌЕ СТАНЕШЕ ГЛАВЕН АЕРОДРОМ, А ОВОЈ ВО ПЕТРОВЕЦ ПОМОШЕН

0
499

Поранешниот премиер, кој денес е азилант во Унгарија, Никола Груевски, со нов пост на својот фејсбук профил се осврна на авиопревозот во земајва кој е блокиран поради густата магла која веќе неколку денови го блокира Скопје, но и аеродромот.  Груевски во долгиот пост објаснува зошто при давањето на концесиите за аеродормите во Скопје и Охрид услов била и изградбата на карго аеродром во Штип, истакнувајќи дека една од идеите била во иднина тој да прерасне во патнички аеродром, за што веќе се изгради и автопатот кон Штип, а се осврна и на планот за развој на патиштата кон Штип од другите делови на земјата.  – Не се одложуваат авионските летови заради маглата, туку заради криминалците во власта. Еве зошто! Во 2009 година Владата ангажираше меѓународна искусна компанија за консултант кој ќе не води низ постапката за изнаоѓање концесионер на македонските аеродроми, Александар Македонски во Скопје и Св.Апостол Павле во Охрид – го започнува Груевски својот пост.

Тој во детали објаснува како се одвивале преговорите со заинтересирани концесионери, но и од каде потекнува идејата за карго аеродромот.  – Клучното прашање кај сите и поентата на состанокот беше зошто нов аеродром и од сите ни беше кажано дека тоа е голема инвестиција која го прави проектот неисплатлив и плус тоа ќе биде потенцијален загубар за нив, па ако тоа остане тие ќе се повлечат. Тоа беше голема игра на нерви. Тие сакаа да успеат да не натераат да ја повлечеме идејата за нов карго аеродром кај Штип, ние сакавме таа идеја да помине и да го изградат. Објаснивме дека оваа концесија се дава на 20 години но дека на долг рок ние би сакале преместување на аеродромот од Петровец каде е сега, во овчеполието, затоа што овоа локација за овој аеродром воПетровец е одбрана во време кога ЈНА сакала да изгради воен аеродром и барала терен меѓу планини, затоа што целта била друга. Денес тоа е главниот цивилен аеродром на една независна држава, и не е добар избор за цивилен аеродром особено затоа што секоја зима има многу магла и масовно откажување на летовите што влијае на бизнисот, на инвеститорите, на плановите и врмето на граѓаните и туристите, а и слетувањата не се толку едноставни на ваков терен.
Објаснив дека сакаме околу пола од новата инвестиција да се направи сега со овој договор за концесија и да тоа привремено биде карго но и алтернативен аеродром за слетување и полетување во лоши временски услови, а втората половина по истекот на концесијата во 2030 година, кога ќе се објави јавен повик за нова концесија и тогаш само пистата и терминалите на карго аеродромот изграден меѓу Св. Николе и Штип ќе се прошират и тоа ќе стане главниот аеродром во државата, а овој во Петровец втор, помошен и/или карго аеродром или некоја друга намена. Објаснив и дека во меѓувреме планираме изградба на автопат од главниот град кон Штип со што патот од Скопје до новиот аеродром би бил за околу 25 мин возење што не е многу повеќе од сега до аеродромот до Петровец. Објаснив и дека во меѓувреме ќе изградиме и регионални патишта со четири ленти од Штип кон Кочани, што го започнавме и уште се гради, од Штип кон Радовиш кој исто така го почнавме и објавивме тендер за градба, и кој е веќе завршен и дека патот од Штип до Велес ќе прерасне во регионален со четири ленти што одамна го завршивме – додава поранешниот премиер.  Многу повеќе детали околу аеродромите во земајва и плановите за развој на авиособраќајот во постот на Груевски.