БОРЈАН: НЕ БЕ ЛАТАС НЕ ТИ ПРАВАМ ЈАС ХАЈКА, ХАЈКА ТИ ПРАВАТ СИТЕ ЖЕНИ И СИТЕ РОДИТЕЛИ КОИ ИМААТ ЌЕРКИ, НЕМА ТОЛКАВ ГОЛЕМ СМОКВИН ЛИСТ КОЈ ЌЕ ТИ ГО ПОКРИЕ СРАМОТ!

0
2777

Читам мене ме посочуваш за иницијатор на тоа што ти го нарекуваш “хајка”. Точно е дека јас напишав пост а ти пишав и во инбокс..провери. За тоа твое скандалозно интервју дознав од ќерка ми која ми се јави вознемирена поради твоите изјави во гостувањето кај Лазаров дека “сум перел пари преку агенција” .

Немав намера да те слушам што се зборуваш па ми кажаа во кој дел од интервјуто ми фрлаш клевети на мене по кој знае кој пат, најбезобразно. Да перев пари кога ја затваравте А1 ќе ме носевте во затвор со големо задоволство ама не најдовте ништо, па дури ни тоа дека сум земал плата во кеш бидејќи моите приходи од А1 беа целосно транспарентни. Да, јас реагирав со тој пост на тој сегмент од имтервјуто и еве повторно те повикувам да се извиниш за клеветата.А за ова што го викаш “хајка” нема никаква конспирација, едноставно нечија ќерка, жена…одговорен цивилизиран маж се згрозил додека те слушал како тоа ти си бил голем “мангуп” и згрозувањеето оправдано го споделил со јавносата.

Просто, ти Латасе не можеш да најдеш толку голем смоквин лист кој ќе ти ја покрие срамотата за се што правеше и правиш. Остави ме мене, нема потреба да се бламираш потоа со јавувањње кај некој судија како во случајот со онаа “бомба” кога од Филимена бараш да те спаси од мојата тужба. Судството е лошо ама не така како што ти посакуваш да биде. И еве да те потсетам на “шефицата” со тоа што и неа ја лажеш затоа што ти си тој што губи во првостепен суд.

, коментира новинарот Борјан Јовановски под текстот со објаснување на Драган Павловиќ Латас во врска со интервјуто кај Стефан Лазаров.