МАКЕДОНСКИТЕ ДИПЛОМАТСКИ МИСИИ СЕ ЗАЈАКНУВААТ И СО ЕКОНОМСКИ СОВЕТНИЦИ: МНР ИСПРАЌА СОВЕТНИЦИ ВО ФАО, СТО, БРИСЕЛ, ЧИКАГО И СОФИЈА

0
598

МинистеРството за економија ќе прати тројца свои професионалци како економски советници во седиштето на Светската трговска организација (СТО) во Женева, потоа во Брисел (задолжен за земјите од Бенелукс) и еден во Генералниот конзулат во Чикаго, а Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе прати свој претставник во седиштето на Светската организација на храна (ФАО) во Рим. Покрај нив, ќе има и економски советник во нашата Амбасада во Софија.

Советникот во Чикаго ќе има надлежност за сојузните држави Илиноис, Мичиген, Висконсин, Индијана, Охајо и Минесота.

Ова е втор дел од пилот-проектот на Министерството за надворешни работи за економска дипломатија, откако неодамна беа назначени четворица економски советници во Минхен, Варшава, Анкара и Абу Даби.

Трите министерства ова го договорија со Спогодба, која шефот на дипломатијата Бујар Османи ја потпиша со министерот за економија Крешник Бектеши и со заменик-министерот за земјоделство, Трајан Димковски.