КОСТА КОСТАДИНОВ : СЛУШНИ МЕ СТРУМИЦО МОЈА, БАРАМ ОД ТЕБЕ ВЕРБА ЗА ДА ТИ СЛУЖАМ ВО НАРЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ

0
913

Струмицо слушни ме!

Јас и мојот тим стапнавме секаде, тропнавме на секоја врата, ве слушнавме разговаравме, понудивме решенија.

Покажавме дека може да се сработи кампања без да се спомне противникот со максимално позитивна реторика и наратив, иако секојдневни напаѓаа, навредуваа, лажеа, клеветеа.

Ама сепак успеав да останам верен на човечностс и принципите, оти така треба и мора.

Го даваме најдоброто од нас, за најдоброто за цела Струмица и населените места.
Убеден сум дека ќе ја дадете поддршката за бројот 12 за мене и за советничката листа.

Мојата младост нека биде гаранција за сето она што ќе го градиме и работиме во наредните 4 години.

Барам верба Струмицо ❤️

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Општина Струмица, Коста Костадинов.