ПРВ ОЛИМПИСКИ МЕДАЛ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ДВЕ ДЕЦЕНИИ: ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ ОСВОИ СРЕБРЕН МЕДАЛ ВО ТАЕКВОНДО (+80 КГ)

0
920

Северна Македонија стигна до првиот медал на ЛОИ Токио 2020 откако Дејан Георгиевски освои сребро во таеквондо. Георгиевски во финалето беше поразен од Русинот Владислав Ларин.

Во првата рунда губеше со 2:0, во втората Русинот зголеми на 9:7 и на крајот резултатот беше 15:9. Противникот Ларин беше подобар во целиот тек на ова олимписко финале. Една борба во таеквондо трае 3 рунди по 2 минути.

На патот до финалето, Георгиевски ги победи Рафаел Алба од Куба, Сејду Губане од Брегот на Слоновата Коска и Дион Кјо Ин од Јужна Кореја.

Северна Македонија како независна држава има една бронза и тоа на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година. Бронзата тогаш ја освои натурализираниот македонски борач Могамед Ибрагимов.