ФАЈЗЕР И БИОНТЕК ЌЕ ГО ЗГОЛЕМАТ ПРОИЗВОДСТВОТО НА ВАКЦИНИ НА 2,5 МИЛИЈАРДИ ДОЗИ

0
890

Германската лабораторија Бионтек соопшти дека во 2021 година планира да произведе 2,5 милијарди дози вакцини развиени во соработка со американскиот гигант Фајзер, што е за 25 проценти повеќе отколку што беше најавено.

“Производствениот капацитет треба да се зголеми благодарение на оптимизацијата на производствениот процес, проширувањето на производствената мрежа и одобрувањето да се добијат шест дози вакцина од едно шише” – објасни компанијата во соопштението.

До 23. март доставија повеќе од 200 милиони дози ширум светот.