МВР ПРИВЕДЕ 9 БУГАРСКИ НАВИВАЧИ ПО ИНЦИДЕНТОТ ПОРАДИ НАРУШУВАЊЕ НА ЈАВЕН РЕД И МИР НА МЕЧОТ ПОМЕЃУ ЛЕВСКИ – ШКУПИ

0
580

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денес се приведени девет  бугарски навивачи, бидејќи го нарушиле јавниот ред и мир на стадионот во Скопје, пред натпреварот помеѓу Шкупи и Левски Софија.

„На 27.07.2023 од страна на Единицата за брзо распоредување приведени се Г.Б, З.З., В.Д., Г.К., Б.А., В.Ј., И.К., Д.П.Д. и А.В.И., сите бугарски државјани, кои го нарушија јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеа службени дејства на стадионот ‘Тодор Проески’, непосредно пред почетокот на натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига помеѓу Шкупи и Левски Софија, кој вечерва се игра во Скопје. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци“, соопшти МВР.