ВО ВРЕМЕ НА ЕКС РЕЖИМОТ НЕМАШЕ НИ ИСТРАГИ НИ ПРЕСУДИ ПРОТИВ ФУНКЦИОНЕРИ НА ВМРО-ДПМНЕ, ЗАЕВ: КВАЗИПАТРИОТИЗМОТ НА ВМРО-ДПМНЕ Е ИЗВОР НА ЗЛО И КОЧНИЦА ЗА ДРЖАВАТА

0
1454

“Матрицата на ВМРО-ДПМНЕ е кочница на државата и да не беше вашиот квазипатриотизам, 100 пати побрзо ќе се движевме кон евроинтергациите и подобрувањето на животот на граѓаните” – изјави премиерот Заев на пратенички прашања во Собрание.

“Знам дека вистината боли. Дали во 11-те години додека бевте на власт можевте да спомнете имиња на функционери како што се прави тоа сега? Не. И тоа е големата разлика меѓу нас и вас. Ако законот важи еднакво за сите и ако за сите има судски завршници, ако слободно, транспарентно граѓаните зборуваат за сите, само така ќе не’ биде како држава. Вашата идеолошка матрица е извор на најголемото зло. Променете ја во делот на кочењето на државата, во делот на одговорноста и квазипатриотизмот, 100 пати побрзо ќе се движи Северна Македонија кон евроинтеграциите и поквалитетен живот на граѓаните. Тоа е вистината, тоа се фактите” – рече Заев.

Од смената на власта во 2017 година па досега, повеќе високи политичари се веќе со судски пресуди.

“Спомнавте десетина функционери во последните четири години, некои од нив се осудени, лежат казна, некои се пред суд, други во истрага. Ако можете да кажете 5 од минатата власт кои се гонети во време на минатата власт, тогаш ќе ја извлечеме и таа паралела за која зборувам. Токму тука е суштината на разли;носта во овие 4 години и 11-те на вашето владеење. И таа паралела е толку јасна што само по себе е потврда за сегашноста: транспарентни докази и аргументи за криминалите, пљачката, за уништувањето на човековите права од првото раководство на ВМРО-ДПМНЕ до 2017 година. И денес вие се гордеете со партијата, со минатото, со се’. Кај нас е различно. И денес кој и да го прекрши законот, е исправен пред правдата, одговара, има и пресуди за градоначалници и функционери од нашите редови. Имаме обвинителни акти, истраги. Наведете 5 функционери од времето на Груевски кои што биле гонети, зашто во тоа време беше страв да се спомне име, а не да се гонат функционери. Никој не смееше да чепне по нив” – истакна Заев.

Премиерот Заев нагласи дека антикорупциската стратегија е за сите ешалони. Владата ги има предвид и постапува по сите меѓународни извештаи. Денес се’ е транспарентно, граѓаните пријавуваат не само корупција, туку и индиција за корупција или криминал.