Во време на новогодишните празници, во духот на солидарноста и меѓусебното помагање како врвни социјалдемократски вредности, општинските организации на СДСМ организираат низ хуманитарни настани. ОО Кисела Вода и ОО Куманово донираа новогодишни пакетчиња – за децата од малите групни домови при ЈУ Детски дом 11 Октомври, односно за деца од социјално загрозени семејства и децата на одделот за онкологија на Детска Клиника.
Преку хуманитарни настани во општинските организации во Гази Баба, Аеродром, Крива Паланка, Свети Николе беа собрани и донирани средства на социјално ранливи семејства од овие општини, наши сограѓани. Дополнително општинската организација Аеродром од собраните средства обезбеди и 50 пакетчиња за децата со посебни потреби од Здружението ,,Ластовица” во оваа општина. Хуманитарните акции продолжуваат и следната недела.