СТАВ НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ: СЛОБОДАТА Е ПРИДОБИВКА И ТОА ПОДРАЗБИРА ПОСТОЕЊЕ НА РАЗЛИЧНИ МИСЛЕЊА

0
708

Премиерот Зоран Заев денеска во својот коментар за вчерашното препукување и меѓусебно обвинување помеѓу министерот за здравство Венко Филипче и претседателот Стево Пендаровски за доцнењето на вакцините против Ковид-19 го оцени како слобода во демократско општество.

“Слободата е придобивка. Порано беше мисловна именка да не се согласуваат. Здраво е да имеме несогласувања, но тоа не значи дека не се почитуваме.” – рече Заев, одговарајќи на новинарско барање да ја искоментира вчерашната преписка помеѓу Филипче и Пендаровски.

Според Заев, не е срамота тоа што граѓаните се вакцинирале во Србија како што искоментира Пендаровски, затоа што тие таму оделе како индивидуалци по сопствена волја, односно не ги организирала државата.

“Ние не преземaме обврски, не дај боже ако нешто се случи цела една држава да ја носиме таму. Граѓаните можеa да одат како поединци, а не како институција, не како држава.” – смета Заев.