КАБИНЕТ НА ПЕНДАРОВСКИ : 3,6 МИЛИОНИ ЕВРА ВЕЌЕ ПРЕФРЛЕНИ ОД ПРОДАЖБАТА НА АПАРТМАНОТ НА ТИТО ВО ЊУЈОРК

0
693

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во денешен одговор за ТВ Телма информира дека 3,4 милиони евра од продажбата на апартманот на Тито во Њујорк се префрлени во државниот буџет, а остануваат уште 0,6 милиони да бидат префрлени понатаму.

Ваквиот одговор од шефот на државата доаѓа откако портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ објави дека наводно амбасадорот Љубомир Фрчкоски, наводно и покрај неколкуте инструкции од МНР, не ги префрла парите од продажбата на апартманот на Тито на Парк авенија во Њујорк, и ги држи на сметката од мисијата

„3,4 се префрлени, а 0,6 милиони се очекува да биде префрлен наскоро согласно договорот. Кога ќе заврши целата купопродажна трансакција сите средства ќе бидат префрлени во буџетот“, гласи одговорот од кабинетот на Пендаровски.

Пендаровски очекува да бидат искористени овие пари  за простории за мисијата за Њујорк и за објект за амбасада во Софија, согласно Заклучоците на Владата.

„Повеќе од една недела, Ковачевски и Османи кријат што се случува со 4.000.000 долари на сметка на Мисијата на Фрчкоски во Њујорк?На сметката на мисијата се префрлени пари од поделбата од продажба на имот на СФРЈ, префрлени се лани, по продажбата во септември.

Од тогаш, на два пати, во декември лани и јуни годинава, Фрчкоски како амбасадор добива официјални инструкции да ги врати парите во буџет на Македонија, но тоа тој не го прави!?“, прашуваше претходно Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.