ФАТИМЕ ФЕТАИ СО ДВЕ ДИСЦИПЛИНСКИ ПОСТАПКИ

0
1022

Обвинителката Фатиме Фетаи доби две дисциплински постапки, од кои една за соработка со обвинетиот новинар Марјан Доказ, а втората поради нестручно постапување.

Како што дознава „Макфакс“, покрај поранешната обвинителка на СЈО, вакви две дисциплински постапки има и за втор обвинител – Сашо Рајчев.

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност ќе ги разгледува доставените докази.

„Дисциплинската комисија до овој момент не донела одлука за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност на наведените обвинители“, велат од Обвинителството за „Макфакс“.