АРСОВСКА : ПРОЕКТ ЗА НОВ ЦЕВКОВОД ЗА ПОДОБРО ВОДОСНАБДУВАЊЕ НА ЖИТЕЛИТЕ ОД ВИСОКИТЕ ЗОНИ НА АЕРОДРОМ

0
427

Се реализира уште едно ветување од програмата За модерно Скопје, изработена е инвестициско техничка документација за проект наменет за високата зона во Аеродром. Проектите кои со децении биле ветувани за скопјани, а за кои не само што немало обид за реализација, туку не била изработена ниту соодветни проекти и документации, конечно на барање на нашите сограѓани, еден по еден се изработуваат. Градското јавно претпријатие Водовод и канализација-Скопје, изработи проектно техничка документација за нов цевковод за високата зона во Аеродром.

Определена е оптимална и изводлива траса за реализација и во проектната документација предвидена е нова магистрална водоводна мрежа со профил од 300мм, заради обезбедување на втор довод на вода за високата зона во Општина Аеродром. Со реализацијата на овој проект  целосно ќе се надминат предизвиците со водоснабдувањето, поради дефекти на постоечката мрежа. Со проектот се обезбедува резервен довод на вода до уличните мрежи во населбите каде што постои циркулациона дистрибутивна мрежа од високата зона, паралелна со дистрибутивната мрежа во ниската зона.

Со почит,

Град Скопје

Одделение за односи со јавноста