ДИЛЕР ОД ГРЧЕЦ ФРЛИЛ ВРЕЌА СО МАРИХУАНА ДОДЕКА БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈА

0
362

Вчера околу 23.00 часот на обиколница Скопје, на клучка Стајковци кон клучка Радишани, скопско, полициски службеници го лишиле од слобода Е.И.(24) од с.Грчец, општина Сарај.Претходно, на клучка кај с.Арачиново тој не застанал на даден знак за запирање од полициски службеници и со возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки продолжил со движење, при што од возилото фрлил помала вреќа со марихуана.

Набргу, по преземени мерки од полициски службеници бил запрен, а дрогата била пронајдена и одземена. Е.И. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.