ЕВРОКОМЕСАРОТ ВАРХЕЈИ ДОАЃА ВО ВТОРНИК ВО СКОПЈЕ ЗА ДОНАЦИЈАТА НА ВАКЦИНИ ОД ЕУ ПРЕДВИДЕНА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

0
812

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји в понеделник со посета на Србија ја започнува турнејата низ земјите од Западен Балкан, со чии официјални претставници ќе разговара за одговорот на пандемијата и за поддршката на ЕУ.

Како што информира Европската комисија, во вторник Вархеји ќе ги посети Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а потоа в среда ќе престојува во Албанија и Косово.

Турнејата на Вархеји низ Западен Балкан е по повод доставувањето на првите вакцини против Ковид 19 со финансиски средства од Европската Унија. Вархеји истакна дека патува во земјите од Западен Балкан со цел да пренесе јасна порака дека ЕУ се грижи за своите партнери.

Европската комисија и Австрија на 20-ти април најавија дека на земјите од регионот ќе им бидат доставени вкупно 651 000 дози вакцини од Фајзер во неделни транши, во периодот од почетокот на мај, па до август.