(ВИДЕО) ОЧАЈНИ ДЕКА ГИ ЧЕКА ПОРАЗ, ВМРО ДПМНЕ ПАК КОРИСТАТ НАСИЛНИЧКО – УЛИЧАРСКИ МЕТОДИ ПРОТИВ СДСМ: Скандирајќи „Никогаш Северна, само Македонија“, членови на Комити и Војводи ја спречија Шекеринска да даде изјава

0
1207

Членови на навивачките групи „Комити“ и „Војводи“ гласно скандираа „Никогаш Северна, само Македонија“ во моментите кога вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, се подготвуваше да даде изјава за медиумите по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

„Барем тоа го научивме на Балканот, дека многу често политиката се крие зад навивачките групи и ги злоупотребува“, рече Шекеринска која им се извини на медиуите коментирајќи дека станува збор за политички мотивиран настан.

Навивачите продолжија да пеат патриотски песни по заминувањето на Шекеринска и придружувани од полицијата влегоа да положат цвеќе.