Еве доказ дека Грујо и Ахмети се излезени од ист политички нужник – Отворено писмо на весникот „Лајм“ после заканите на ДУИ со тужби: Ваквото однесување не е случајно, туку е дел од нивната стратегија за да се замолчи секој глас на несогласување и критика

0
985

До Здружение на Новинари на Македонија, медиумите, политичките партии кои ја подржуваат слободата на изразување, дипломатските преставништва во Скопје, невладините организации, сите пријатели на слободата на изразување

Почитувани,

Во вторникот во нашата редакција пристигнаа 5 барања за извинување и повлекување на текстови, од страна на Демократската Унија за Интеграција, нејзиниот претседател, Али Ахмети, како и од пратеникот Артан Груби, со образложение дека сме објавиле текстови со клевети и навреди. Во спротивно, најавуваат тужба против нас.

Лајм веднаш се конултираше со адвокати и нивните први впечатоци се дека барањата на ДУИ воопшто не се засновани. Меѓутоа, ниту еден од адвокатите не може да гарантира дека Судот ќе ги одбие најавените обвиненија, поради фактот дека ДУИ е партија на власт, а од друга страна судството во Македонија е крајно партизирано.

Стравот на адвокатите е поголем и поради тоа што станува збор за политики субјект за чии функционери беа објавени снимки, каде што се слушаат како местат избор на судии и раководители на судови. Исто така станува збор за партија каде што се унапредуваат кадри кои се закануваат на медиуми и новинари, каков што е слчајот со министерот кој откако се заканил на претседателот на ЗНМ, Насер Слемани, е унапреден во партиската хиерархија и станал еден од најблиските луѓе на претседателот на ДУИ.

И покрај ваквите проценки на адвокатите, Лајм јавно ја извести ДУИ и јавноста дека немаме намера да се извинуваме за објавените текстови, бидејќи сме убедени дека во ниту еден момент не сме го прекршиле новинарскиот код.

Самиот факт што ДУИ не ја користи понудената можност од наша страна за да реагира или да ги демантира нашите текстови, а јавноста да процени кој е во право, ни дава за право да размислуваме дека тие не се подготвени да се соочат со нас со силата на аргументот, туку со аргументот на силата.

За разлика од ДУИ, ние сме подготвени да се соочиме со нив во еден фер и коректен судски процес. Во овој правец, уште вчера упативме повик до ДУИ да ја напушти владата и контролата врз министерството за правда, бидејки само на тој начин ќе покажат дека се подготвени да се соочат со нас пред суд, како две рамноправни страни. ДУИ не одговори на овој наш повик, и затоа постои сомнение кај нас дека тие не се убедени во аргументите што ги поседуваат, дуку сакаат да ја (зло)употребуваат позицијата на партија во власт.

Токму поради фактот што е веќе очигледно дека станува збор за субјект кој нема намера да се соочи во суд како рамноправна страна, можеби ќе бидеме доведени и ние да превземеме вонсудски мерки. Доколку ДУИ одлучи да ги користи власта и судството како оружје против Лајм, и ние ќе бидеме приморани во самоодбрана да го користиме „оружјето“ и „бомбите“ кои ни се на располагање.

Затоа ја бараме вашата подршка во оваа тешка битка која ни претстои, за одбрана на новинарската кауза од заканите на една партија, која додека е на власт, Македонија забележа пад во сите рангирања што ги прават релевантни европски и светски организации за слободата на изразување.

Во врска со ова, сметаме дека е неопходно да ја потсетиме и предупредиме домашната јавност како и меѓународната заедница за фактот дека овие закани кон Лајм се случуваат во исто време кога се водат преговори за реформи во медиумите, со учество на сите поголеми политички партии, вклучувајки ја и ДУИ, како и во присуство на меѓународната заедница преставена од г. Петер Ван Хауте. Сметаме дека ваквото однесување на ДУИ не е случајно, туку е дел од нивната стратегија за да се замолчи секој глас на несогласување и критика. Тоа ја доведува во прашање не само судбината на весникот Лајм, туку и на слободата на изразување во целина и воведувањето на цензура.

Затоа, сметаме дека не е претерано убедувањето дека фронталниот напад на партијата на власт, ДУИ, треба да се смета како тестирање на подготвеноста на јавноста за да ја прифати цензурата, за потоа таа да се примени и во другите медиуми во земјата.

Редакција Лајм