– Тука се и заплените на 20 тони најразлични прекурсори, со цел понатамошно производство на синтетичка дрога. Вредна за споменување е заплената од еден тон прекурсори на скопскиот аеродром од кои би можело да се произведе амфетамин во вредност од над 50 милиони евра, објави министерот за внатрешни работи на Фејсбук.Воедно, во делот на недозволена трговија со дрога, информира Спасовски, во 2022 година е извршено најголемото уништување на запленета дрога досега, вкупно 10 тони дрога.– Продолжуваме со несмален интензитет и во 2023, порачува министерот Спасовски преку Фејсбук.