ПОЗИТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ, ЗАЕВ: ЈА ВРАЌАМЕ ДОВЕРБАТА ВО ПРАВОСУДСТВОТО

0
202

“Токму на Денот на македонското правосудство пристигна позитивен Извештај за состојбите со човековите права на американскиот Стејт департмент, во кој е констатирано дека Владата покажала сериозна почит кон независноста на судството и непристрасност во споредба со претходните години” – вели премиерот Зоран Заев во пораката упатена до сите судии и обвинители, адвокати и сите останати вработени во правосудниот сектор по повод Денот на правосудството.

“Ова е уште еден доказ дека тоа што го работиме дава и ќе дава резултати и дека реформите во правосудството остануваат наш врвен приоритет. Ја враќаме довербата на граѓаните во правосудниот систем. Систем кој ја испорачува правдата. Голем придонес за оваа придобивка даваат самите судии кои преку Судскиот совет започнаа динамична проверка на работата на судиите, и тој процес веќе ги дава првите резултати” – вели Заев.

Приоритетен предизвик во претстојниот период, како што посочува премиерот, е воведувањето на современа информатичка технологија во работата и дигитализација на македонските судови.