ДОЈДЕ ВРЕМЕ ВМРОВЦИТЕ ДА ПЛАЧАТ ВО СУДНИЦА, А МИСЛЕА ДЕКА СЕ БОГОВИ И НИКОЈ НИШТО НЕ ИМ МОЖЕ: Поранешниот член на Државната изборна комисија, Анета Стефановска, денеска се расплака на судењето како обвинета во случајот „Титаник 3“

0
1230

Поранешниот член на Државната изборна комисија, Анета Стефановска, денеска се расплака на судењето како обвинета во случајот „Титаник 3“, инаку предмет на СЈО за малверзации на локалните избори во 2013.

Овој случај е познат по тоа што Бедредин Ибраими како член на ДИК гласал да се повтори гласањето во Струмица на барање на Мендух Тачи, лидерот на ДПАм под влијание на Сашо Мијалков, екс-директорот на УБК. Покрај овие тројца, обвинети се уште и Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, како членови на ДИк кои тогап исто така гласаа за прегласување.

– Јас самостојно, законски и професионално сум работела и сум гласала. Не се чувствувам виновна, ниту пак некој ми сугерирал како да гласам – рече Стефановска на рочиштето пред да заплаче.

Таа  додаде дека овој процес и влијаел негативно на здравјето, дека работела според правилата, според сите позитивно законски прописи и дека нема ниту еден доказ дека таа сторила кривично дело.