Заев: Завршивме 80 отсто од гасификацијата, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години

0
630

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев преку својот профил на Фејсбук порача дека капиталните инвестиции во Северна Македонија одат забрзано.

Исто така, тој додаде дека изминатата и оваа година се завршиле 80 отсто од примарната и секундарната гасификација.

„Капиталните инвестиции продолжуваат со забрзана динамика. Градиме инфраструктура за сите – ја спроведуваме долгорочната стратегија за изградба на инфраструктура која ќе се остане и за идните поколенија, дури и во вонредни околности

Интензивно се работи на локалната инфраструктура во фаза во која е отпочната изградба на дополнителни 500 км водоводи и канализации.

Северна Македонија во 2019 и во 2020 во услови на корона криза, заврши 80% од примарната и секундарната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години“, истакна Заев.