ФЗО ЗА СЛУЧАЈОТ ЛЕОНИД : ПОТРЕБНИ СЕ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ, НО И НОВ НАЧИН НА ФИНАНСИРАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ, РАСПОЛАГАМЕ СО МАЛ БУЏЕТ

0
252

„Спорно е дали се работи за ’медицинска рехабилитација’ или за ’лекување’ затоа што конзилијарното мислење од ТОАРИЛУЦ, каде што Индов бил хоспитализиран еден месец, од септември до октомври 2023 година не содржи конкретна насока за вид на интервенција што е потребно да се изведе при лекувањето во странство, туку само општи процедури за рехабилитација и тоа што се очекува од нив“,рекоа надлежните од ФЗО.Раководството на Фондот, како што велат, се обратило со допис до Клиниката за да појасни каква интервенција му е потребна на момчето, но оттаму повторно не добиле прецизен одговор.

„Видот на третман од центарот во Австрија наведен во профактурата што му е понудена на семејството се однесува на здравствени услуги од областа на физикална терапија и медицинска рехабилитација. Првостепената комисија на чело со претседателката д-р Сања Петрова, го одбила барањето затоа што сметала дека таков третман може да му се обезбеди и во нашата држава, иако не е посочена конкретна клиника или здравствена институција“,соопштиле директорите од Фондот на брифингот со новинарите.

На прашањето дали и каде има соодветна установа во нашата земја за да му го овозможи третманот на Леонид, директорите од Фондот одговориле дека тоа треба да го образложат докторите кои ја ценеле неговата состојба.

Надлежните од Фондот посочиле дека се потребни измени на Законот за здравствено осигурување, како и дека тие се согласни да иницираат законски измени, но истовремено сметаат и дека е потребно да се направи нов начин на финансирање на здравствениот систем, затоа што Фондот располага со мал буџет за да излезе во пресрет на потребите на граѓаните во чекор со развојот на медицината.„Во деценија кога има бум во иновациите во лекувањето и во фармацијата, веќе 15 години придонесот за здравствено осигурување е 7,4 отсто и е најнизок од околните земји. Минатата 2023 година ФЗРСМ исплатил 324 милиони денари за 307 лекувања во странство“,велат од ФЗО.Инаку, по приемот на решението од Првостепената комисија, семејството на Леонид има право на жалба во рок од 15 дена до Второстепена комисија.