ШТИПЈАНИ СЕ ЛУТАТ НА НАЈБЛИСКАТА СОРАБОТНИЧКА НА МИЦКОСКИ : ВО ШТИП НЕ СЕ КУПУВА ОД МААЛСКА КООПЕРАЦИЈА, ИМА ПРОДАВНИЦИ НА ГОЛЕМИ МАРКЕТИ

0
489

Во обид да ги одбрани големите пекари, кои одбија да продаваат леб по 33 денари, цена утврдена од Владата, потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска аргументираше дека во градовите како Штип лебот се продава за 30 денари, бидејќи нема големи маркети. Во Штип не само што ги има речиси сите големи маркети во државата, туку е седиште на два трговски синџири на маркети со дуќани во повеќе македонски градови, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Редакција МетаПишува: Редакција Мета

Фото: Исечок од гостувањето

Во обид да ги одбрани големите пекари, кои одбија да продаваат леб по 33 денари, цена утврдена од Владата, потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска аргументираше дека во градовите како Штип лебот се продава за 30 денари, бидејќи нема големи маркети. Потрошувачите во Штип, според неа, се снабдуваат од маалски продавници, бидејќи во градот нема големи маркети, како Веро, Тинекс, Кипер, КАМ. Но, ова е невистина. Во Штип не само што ги има речиси сите големи маркети во државата, туку е седиште на два трговски синџири на маркети со дуќани во повеќе македонски градови, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:
Во гостување на националната ТВ Сител, Гордана Димитриеска – Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна техничка министерка за финансии, изрече невистина, со тврдењето дека во Штип нема големи маркети.